Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Објавен трејлерот за филмот „F1“ со Бред Пит во главната улога

Сцена

Објавен трејлерот за филмот „F1“ со Бред Пит во главната улога

Еден од најочекуваните филмови за 2025 година е „F1“, со Бред Пит во главната улога. Компанијата Warner Bros. објави нов трејлер, каде што можеме да видиме што не очекува во овој филм во режија на Џозеф Косински.

Новиот филм за Формула 1 на Apple, кој во кината ќе излезе на 25-ти јуни оваа година, е снимен за време на вистинските Гран-при тркачки викенди додека тимот се натпреварува против титаните на спортот. За музиката беше задолжен Ханс Цимер, а продукцијата им беше доверена на Џери Брукхајмер, Луис Хамилтон, Бред Пит и други.

Покрај Пит, во „F1“ играат и други големи имиња како Хавиер Бардем, Дамсон Идрис, Кери Кондон, Тобијас Менцис и Ким Бодниа. Режисер е Џозеф Косински, кој работеше и на филмот „Top Gun: Maverick“, сценариото го напиша Ерен Кругер. Секоја кадар од трејлерот укажува на тоа дека се работи за луксузна продукција, што се очекуваше со оглед на огромната инвестиција.

Маркетинг

Популарноста на Формула 1 е во пораст, а Нетфликс исто така има неколку сезони од документарна серија која ги следи настаните во овој шампионат.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.