Мобилни
Новиот АјФон останува без приклучок за слушалки?!
Епл“ од генерација во генерација ги правеше своите телефони се потенки, иако годинава добивме незначително подебел „АјФон 6Ц“, во однос на претходниот модел 6.
Но, со цел да добие што потенок „АјФон 7“, „Епл“ ќе го исфрли класичниот приклучок за слушалки, кои би се поврзувале со апаратот преку т.н. лајтинг конектор, што сега се користи за напојување и за спојување со компјутер.
„МакОтакара“ објави дека оние кои ќе сакаат да користат класични слушалки, треба да имаат некаков адаптер.




