Мобилни
Новиот „АјФон“ ќе чини помалку од 500 долари
Епл“ планира идната година да лансира нов четириинчен телефон „АјФон“.
Веќе слушнавме многу за „малиот АјФон‟, а сега аналитичарите од „КГИ Секјуритис“ даваат повеќе информации за неговите спецификации.
Наводно новиот 4-инчен телефон „АјФон“ ќе влезе во масовно производство во првиот квартал идната година, па така може да биде објавен пред моделите „АјФон 7“ и „АјФон 7+“, кои најверојатно ќе стигнат во септември идната година.




