Мобилни
АјОС 12 веќе е достапен за преземање од страна на корисниците
Аpple официјално потврди дека ајОС 12 веќе е достапна за симнување од корисниците. Новата платформа нуди голем број на корисни функции и го скратува за половина времето за полнење на апликации.
Компанијата ветува за 70 отсто побрзо стартување на камерата и опипливо повисоки перформанси, особено на постарите смартфони. АјОС 12 е компатибилен со сите уреди кои добиле надградба до ајОС 11, вклучувајќи iPhone 5s, iPad mini 2, iPad Air и шестата генерација на музичките плеери iPod touch.
За да започнете со инсталацијата отворете го менито „Settings“ и кликнете потоа на „General“ и „Software Update“. Софтверските оптимизации на Apple се грижат за оптимални перформанси, дури и при максимално оптоварување на системските ресурси. АјОС 12 нуди пристап до најдобрата верзија на Siri досега, како и атрактивната функција „Shortcuts“ која овозможува да користите персонализирани барања, при работата со услугата. Системот за известување е исто така променет.




