Наука
За првпат во Македонија измерени 5Г мобилни брзини
Денес, во Скопје, Македонски Телеком го реализираше првото 5G демо во земјата, со што направи уште еден чекор кон воведувањето на оваа технологија во Македонија, која ќе овозможи технолошки напредок на општеството и многу нови функционалности за корисниците.
За прв пат во регионот, измерена е брзина преку мобилната мрежа, која е за над четири пати поголема од брзините на пренос на податоци на 4G мрежата.
„Денес ја измеривме најголемата брзина досега, иако брзината не е главната придобивка од 5G технологијата. Овој нов технолошки стандард ќе го смени не само начинот на кој комуницираме туку и начинот на кој живееме. Денес, покажавме дека одиме во чекор со европските земји, ги поставивме основите, ја демонстриравме неверојатната брзина на 5G. Но ова е само почеток, ќе продолжиме да инвестираме и да ја надградуваме мрежата за да бидеме подготвени за комерцијалниот старт“ – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.




