Мобилни
Човек тврди дека го измислил iPhone-от пред 24 години
Првата генерација ајФон е најавена во 2007 година, но Томас Рос од Флорида тврди дека го измислил 15 години пред тоа.
Тој одлучи да го тужи Епл, затоа што го украле неговиот изум. Рос тврди дека меѓу 23 мај 1992 година и 10 септември 1992 година дизајнирал три цртежи на овој технички апарат. Меѓу нив се рамни правоаголни плочи со заоблени агли кои ја отелотворуваат фузијата дизајнот и функцијата на начин на кој никогаш не постоел пред 1992 година.
Рос аплицирал за заштита на патентот во ноември 1992 година, но апликацијата е одбиена во 1995 година, затоа што не ги платил бараните такси. Сега бара десет милијарди долари и 1,5 отсто од продажбата на уредите на Епл.




