
Creative
Апликацијата „Селектирај отпад“ ќе го собере твојот селектиран отпад од дома
Сигурно познаваш личности кои се дел од светскиот тренд на селектирање отпад или пак токму ти си еден од нив. Сметаш дека македонската свест расте, но фактите го зборуваат спротивното. Не и после „Селектирај Отпад”.
„Селектирај отпад“ е апликација за собирање на селектираниот отпад од твојот дом. Нашата замисла е да ги мотивираме граѓаните активно да се вклучат во процесот на селектирањето и унапредување на квалитетот на животната средина.
„Селектирај отпад“ е првата апликација во државата, регионот и пошироко која ќе го промени начинот на собирање и селектирање на отпадот директно од твоето домаќинство. За вас ентузијастите кои сакате да селектирате пластика, хартија и лименки, апликацијата ќе биде одличен начин да направите позитивен импакт на животната средина, а во исто време ќе имате личен паричен бенефит од својата акција.


