10-та Симфонија на Бетовен е завршена од вештачка интелигенција
Една година по 250-от роденден на Лудвиг Ван Бетовен, неговата 10-та Симфонија, која е завршена со помош на вештачка интелигенција, ќе има премиера во Телеком Форумот во Бон. Краткиот аудио клип кој може да се слушне овде им овозможува на слушателите да го добијат првиот впечаток за завршената композиција.
За да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком во пролетта 2019 година организираше тим од меѓународни музички експерти и експерти за вештачка интелигенција да ја довршат недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција. Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето – дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста.
