
Creative
Прифати го предизвикот: Биди дел од првото online издание на Startup Weekend Skopje Covid-19!
За прв пат глобалната платформа за иновации и инвестиции Techstars го организира Global Online Startup Weekend series, на тема „Заедно да креираме решенија за да го победиме COVID-19“.
Солвео е организатор на ова специјално издание во нашата земја, и ги повикува сите кои сакаат да бидат дел од овој 54-часовен викенд од 24-ти до 26-ти април. Учесниците можат да се пријават со или без идеја, се што треба да направат е да ја пополнат оваа форма. Тие ќе работат во тимови преку онлајн платформа од своите домови и ќе креираат решенија за предизвиците кои се предизвикани од пандемијата.
Солвео во партнерство со Techstars, го организира овој настан волонтерски, каде што фокусот ќе биде креирање решенија кои ќе помогнат полесно да се надминат предизвиците од COVID-19 со кои се соочува нашата земја.



