Соработка на „Валентино“ и УНИЦЕФ за поттикнување на вакцинацијата против Ковид-19
Луксузниот моден бренд „Валентино“ и глобалната програма на УНИЦЕФ КОВАКС соработуваат за да ја промовираат иницијативата за вакцинација против ковид-19.
Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други.
Креативниот директор на „Валентино“, Пјерпаоло Пичиоли создаде нова лимитирана линија на дуксери со добропознатото лого „V“ но потпишани со фразата „Vaccinated“ – „Вакциниран“.




