Creative
Последен ден за пријавување на хакатонот за намалување на сивата економија во е-трговија
Асоцијацијата зе е-трговија на Македонија, неодамна објави дека го организира првиот 48 часовен хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” кој ќе се одржи онлајн, од петок, 14 мај до недела, 16 мај.
Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две категории: “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“.
Хакатонот се организира во соработка со Економскиот Факултет – Скопје, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ и Студентски парламент ФИНКИ и е наменет за студентите токму од овие два факултети, кои со заеднички интердисциплинарни знаења ќе развиваат концепти за дигитални решенија за борба против сивата економија во е-трговија. Победничките решенија, ќе бидат наградени со награден фонд од 3000 евра, кои ќе им послужат за успешна имплементација на победничките предлог решенија.



