Наука
„Девојките во технологијата“ доделуваат 3 гратис влезници за претстојниот Стартап Викенд Скопје
Girls in Tech Македонија е официјален партнер и поддржувач на престојниот Startup Викенд Скопје, кој ќе се одржува од 20-22 ноември во новиот CoSeed бизнис комплекс.
По тој повод тие доделуваат 3 гратис карти за „Девојките во технологијата“ кои имаат претприемнички дух и сакаат да учествуваат на овој возбудлив настан.
Девојки, ако сте заинтересирани да учествувате на Startup Викенд Скопје и сакате да добиете гратис карта, испратете меил на [email protected] со наслов “Сакам карта за Startup Викенд Скопје” и во меилот напишете за вашата професионална и образовна позадина и зошто би сакале да учествувате на настанот.




