Мобилни
Епл патентира соларно полнење на уреди
Американската компанија „Епл“ поднесе барање за заштита на технологија што ќе користи соларни ќелии во сензорите за допир на своите уреди.
Епл досега има над 16 иновации поврзани со солано полнење на идните производи на компанијата, од компјутери до смартфони.
Веќе се појавија информации дека оваа технологија може да се очекува на новиот АјФон 7, каде соларните ќелии би биле вградени под екранот чувствителен на допир. Новиот АјФон 7 би требало да има и нешто поголем екран од претходникот, што секако ја поддржува идејата за соларно полнење на уредот.




