Creative
Дизајнирај разгледница која повикува на младинскиот активизам и освој таблет компјутер!
Милениумските развојни цели (MDG) завршуваат во 2015-та година и затоа во септември 2015-та година, Обединетите Нации ќе договорат и ќе усвојат рамка која ќе ги наследи милениумските развојни цели преточувајќи ги во цели за одржлив развој.
Меѓународната заедница и засегнатите страни, како што се владите на земјите- членки на ОН, агенциите на ОН и граѓанските организации, во многубројни процеси ги формулираат новите развојни цели.
Конкурсот за дизајн на младински разгледници е дел од втората фаза на националната кампања „Идеите ги споделувам гласно” во рамки на „Youth Voice“ – регионалната кампања која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации.




