Мобилни
Епл става „крај“ на стариот, добар Ајфон 4
„Епл“ наводно се подготвува да го стави „стариот добар“ „Ајфон 4“ на својата листа на „застарени” телефони, што ќе го направи потенцијално безвреден.
Тоа би значело дека технолошкиот гигант ја прекинува поддршката за тој уред, вклучувајќи сервис, ажурирање на софтверот и обезбедување на резервни делови. Производите на „Епл“ почнуваат да се сметаат за застарени по пет години, откако ќе престанат да се произведуваат.
Компанијата на својата интернетска страница наведе дека ја прекинува поддршката за одредени „технолошки застарени производи”.




