Мобилни
Инстаграм воведе нова опција која може да спаси животи
Инстаграм денови воведе нова опција која би можела да спасува животи.
На оваа популарна платформа тинејџери неретко објавуваат постови за депресија, нарушување во исхраната и други проблеми кои спаѓаат во доменот на психичкото здравје. Токму поради тоа, Инстаграм воведе опција каде можете да пријавите пост на лице за кое сметате дека би можело да биде во опасност.
Потоа, Инстаграм на тоа лице ќе му испрати порака за да му понуди помош преку совети и контакт центари. Исто така, ако во пребарувачот впишете #ImNOtOk, Инстаграм и на вам ќе ви понуди опција за помош.




