Наука
ФОТО: Македонија го доби првиот прототип на паметни влошки кои произведуваат електрична енергија
Оваа година се одржа првиот климатски камп во Македонија, ,,Од Тебе Зависи”, кој имаше за цел да ги поттикне граѓаните да ги промовираат своите идеи за тоа како може да се намалат штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.
Победничкиот тим доби 10.000 долари за револуционерните паметни влошки кои генерираат електрична енергија за полнење батерии од најразлични гаџети како смарт телефони, таблети, лаптопи… Влошките во чевлите кои генерираат електричнаенергија се први од ваков тип во Македонија, а претставуваат иновативно решение кое има за цел да ни помогнеме за да живееме во почиста и поздрава околина.