Sci-fi
Голем астероид ќе прелета близу Земјата следниот месец
Астероид поголем и од најголемиот облакодер на светов, се движи кон Земјата и, според предвидувањата, на 4 февруари ќе мине покрај нашата планета на оддалеченост од приближно 4,2 милиони километри.
Астероидот именуван „2002 АЈ-129“ е откриен уште на 15 јануари 2002. во рамки на Проектот за следење астероиди кои минуваат близу Земјата, под покровителство на НАСА.
