Наука
Градот Скопје се вклучува во одбележување на светската недела на вселената
Светската недела на вселената (World Space Week) е најголемиот вселенски настан на планетата чија цел е да ги инспирира студентите, да ја едуцира јавноста и лидерите, како и да промовира организации посветени на вселената.
Генералното собрание на Обединетите нации во 1999 година прогласи дека Светската вселенска недела ќе се одржува секоја година од 4 – 10ти октомври.
Овие датуми одбележуваат два настани: 4ти октомври 1957г., лансирање на првиот сателит на Земјата од човекот, Спутник 1, со што се отвара патот за истражување на вселената и 10ти октомври 1967г., потпишувањето на договорот за принципи кои управуваат со активностите на државите во истражување и мирна употреба на вселената, вклучувајќи ги месечината и останати небесни тела.





