Наука
Гугл и Фејсбук заедно ќе се борат против дезинформациите
Гугл и Фејсбук заеднички ќе се справуваат со лажните информации коишто се распространуваат преку социјалните мрежи, пишува порталот „Блумберг“.
Причина за тоа се се позачестените критики кон тие две компании, дека нудат основа за масовно ширење на дезинформациите. Како главен аргумент се посочува примерот со претседателските избори во САД, врз чиишто резултат, според многумина критичари, влијаеле социјалните мрежи.
Во што се состојат мерките? Aлфабет – компанија мајка на Гугл, вчера најави забрана за рекламирање на веб страниците кои служат за пропаганда и манипулации. Компанијата сепак нема да го преземе најригорозниот чекор – целосно прекратување и забрана на самите веб страници.




