Наука
Илон Маск најави нови лансирања на „Фалкон Хеви“
По успешното лансирање на досега најмоќната ракета во светот „Фалкон Хеви“ на компанијата „Спејс Икс“, нејзиниот сопственик Илон Маск најави нови планови за испраќање на ова летало во земјината орбита.
– Следното лансирање на „Фалкон Хеви“ ќе биде за три до шест месеци, изјави Маск за магазинот „Верџ“, додавајќи дека реализацијата на овие планови ќе зависи од брзината со која „Спејс Икс“ ќе може да го произведе средниот дел на ракетата.
Со следните лансирања, „Фелкон Хеви“ во земјината орбита треба да однесе комуникациски сателит на Саудиска Арабија, како и да изврши тестирање на транспорт на товар за потребите на американската армија.




