Наука
Уште 7 дена за да инвестирате во својата професионална кариера
Меѓународната бизнис академија на Економски факултет – Љубљана, во Скопје, ја изведува современата и високо квалитетна академска и бизнис меѓународна магистерска програма.
Државниот Економски факултет во Љубљана е основан во 1946 год., има репутација на најдобра високообразовна институција од областа на економија и менаџмент во Словенија, со над 8.000 домашни и странски студенти во текот на секоја академска година.
Акредитиран со највисоките академски и бизнис акредитации – EQUIS и AASCB, факултетот спаѓа во елитната групација на високо рангирани институции во Европа и во светот. Ова е привилегија на помалку од 5% од бизнис школите ширум светот. Покрај овие две значајни акредитации, факултетот ја има и AMBA акредитацијата, која ја поседуваат само 2% од школите за Мастер студии за Бизнис Менаџмент (MBA).




