„РАЦЕ ШТО ЗБОРУВААТ“: Достапен првиот интернет речник на македонски знаковен јазик
Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста.
Платформата, која е достапна на линкот www.znakoven.mk е целосно изработена од членовите на Здружението на глуви и наглуви “ТИШИНА” – Карпош со поддршка на Министерството за надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација “Борис Трајковски“ и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.
Преку проектот „Раце што зборуваат” се поставува солидна основа пред се за глувата популација, за знаковните толкувачи но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на Македонскиот знаковен јазик во кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.




