Наука
IT настан: Ден на социјалните медиуми на 26 јуни
Колкава е моќта на социјалните медиуми во нашето секојдневие? Платформите како Twitter, Facebook, Instagram, Snapchat, Periscope, направија револуција во начинот на кој комуницираме.
Дури и бизнисите го препознаваат големото значење на социјалните медиуми во комуникацијата со нивните клиенти и продажбата на нивните производи. Но, дали знаеме како најдобро да ги искористиме?
Сакајќи да придонесе кон афирмирање на употребата на социјалните медиуми, интернет заедница во Македонија на 26 јуни, по четврти пат ќе го одбележи Денот на социјалните медиуми (Social Media Day). Програмата оваа година вклучува 4 говорници – активни твитерџии, граѓански активисти и претприемачи, кои со присутните ќе ги споделат своите знаења и позитивни искуства од своите кампањи.




