Наука
Почнуваат уписите во средно образование
Почнува запишувањето на полуматурантите во средно образование кое е задолжително во Македонија.
Денеска и утре е првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2015/2016 година. Резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни.
Според Конкурсот кој Министерството за образование и наука го објави на крајот на март, второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 29-ти и 30 јуни, а резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 1 јули.




