Наука
КАЗНА ЗА „ЕПЛ“: Не плаќале данок за своето работење во Ирска
Европската комисија ѝ пресуди на „Епл“ – американската компанија е должна на Ирска да и исплати 13 милијарди евра на име на неплатен данок за своето работење во Ирска, што е највисока казна која некогаш е изречена.
ЕК спровела обемна, тригодишна истрага, од која заклучила дека профитот од данокот кој американската компанија го присвоила е илегален.
Како што се вели, „селективниот третман“ му дозволил на „Епл“ да плаќа само еден отсто данок на вкупниот профит остварен во Европа. ЕК истакнува дека ваквиот „нефер однос“ му овозможил на овој гигант да плаќа значително помал данок од конкуренцијата. Според ЕК, „Епл“ добивал „илегална поддршка од државата“ која не им била овозможена на другите компании.




