Наука
Кинески хирург успешно спроведе операција на далечина со помош на 5Г технологијата
Кинески хирург успеал да изведе операција на воспалена жолчна кеса на пациентка која живее на илјадници километри подалеку од него, благодарение на 5Г технологијата за роботска хирургија. Хирургот Лианг Сиао го изведе овој зафат во февруари во Хангжу, со помош на роботска конзола, додека пациентката била во болница во Алаер, на речиси 5.000 километри оддалеченост од него.
Операцијата била високо ефективна и завршила за само 30 минути, без проблеми и со незначително заостанување помеѓу хирургот и апаратот. Оваа операција покажа како оваа безжична технологија може да им обезбеди на пациентите во оддалечените региони на Кина поголем пристап до висококвалитетни медицински услуги.
