Creative
КЛИМАТСКИ ПРЕДИЗВИК: Уште една недела да покажеш дека од тебе зависи и да освоиш 10.000 долари
Останува само уште една недела до крајот на еден од најкреативните предизвици во последните години кој што има за цел да го реши горчливото прашање на нашето време – како да се справиме со климатските промени и како најдобро да се прилагодиме на нив.
Климатскиот предизвик кој што е отворен за сите граѓани на Република Македонија има за цел да ја развие иновативноста кај населението и истото да го поттикне во смислување на иновативни проекти. Наградата за најдоброто решение е 10.000 долари, а крајниот рок на поднесување на апликациите е 1 јуни.
Климатскиот предизвик кој што е поддржан од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), во соработка и со Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство може да ги опфаќа следните теми:



