
Наука
Македонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената
Македонија по 6-ти пат ја прославува Светската недела на вселената
На 4-ти октомври започнува годишната прослава на Светската недела на вселената во Македонија, со темата „Сателитите го подобруваат животот” (Satellites improve life).
Целта на овој настан на глобално ниво е да се стави акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на изминатата година за решавање на предизвици на планетета земја и во вселената.
– „Секоја година од 4 до 10 октомври луѓето од целиот свет се собираат за да ги прослават достигнувањата во истражување на вселената, и да ги едуцираат и инспирираат младите. Темата оваа година се фокусира на сателитите, нивните секојдневни употреби и многубројните придобивки кои понекогаш ги земаме здраво за готово. Следната година (2021) фокусот ќе биде на една тема многу значајна за нас, а таа е „Жени во вселената“. “, велат локалните координатори на Светската недела на вселената во Македонија, кои веќе 6 години по ред успешно ја реализираат оваа светска иницијатива.




