Creative
Microsoft Macedonia организираше Windows 10 Device Days во Скопје каде на иновативен начин го дознавме “најдобриот до сега“
Најновиот оперативен систем на Microsoft, Windows 10 без конкуренција најдобриот Windows кој досега бил објавен и во него се собрани најдобрите искуства, знаење, технологии и иновации. Windows 10 им овозможува на луѓето и организациите да ја зголемат продуктивноста во работењето и целосно да ги реализираат своите потенцијали.
Во Скопје се одржа настанот Windows 10 Device Days кој беше вистински начин како бизнис корисниците да научат да го позиционираат вистинскиот Windows 10 уред. Настанот чиј спонзор беше HP, се случуваше на светско ниво, а Microsoft Macedonia го организираше во соработка со Comtrade. Сите бизнис соработници на Microsoft вчера имаат можност да слушнат Како до Windows 10 и зошто да се користи Windows Pro, како и ги дознаа новите HP уреди за комерцијални корисници. Потоа сите дознаа за најновите Windows уреди за образование. Говорници на настанот кој вчера ја одбележа средата во Скопје беа Билјана Јанева, Влора Адеми од Microsoft Macedonia, Microsoft Certified Trainer Владимир Степиќ и Горан Ивановски од HP.
Настанот заврши со прогласувањето на победникот од кампањата Windows 101010. Имено изминатите десет дена социјалните медиуми во Македонија беа најинтересното, најкреативното и најиновативното катче на интернет, каде десет познати личности учествуваа во глобалната кампања на Microsoft Macedonia за Windows 10: „10 познати. 10 дена. Windows 10“. Десетте популарни лица од различи професии во Македонија, 10 дена работеа со новиот оперативен систем и своите иновативни и интересни коментари ги објавуваа на друштвените мрежи. Вчера на Windows 10 Device Days, беше откриен победникот на најиновативната кампања на интернет која ја одбележаа илјадници лајкови. Сосема заслужено актерот и вљубеникот во технологија, Гораст Цветковски, кој секојдневно објавуваше интересни постови поврзани со неговото секојдневие и новитетите на Windows 10, беше прогласен за победник. Гораст информацијата за победата ја доби преку Skype каде облечен како Дедо Мраз се појави пред присутните.






