Настани
Промоција и читачки кружок на „Суспендирана итност“, првата збирка есеи од Ивана Хаџиевска
Неделава ќе се одржат промоцијата и читачкиот кружок на првата збирка теориски есеи од Ивана Хаџиевска, „Суспендирана итност. Есеи од крајот на времето“, со која воедно се отвора едицијата „Современа теорија“ во издавачката куќа „Илика“!
Промоцијата на книгата ќе се одржи на 13 јуни, во 19:00 часот, во кафе-книжарницата „Буква“. Разговорот со авторката ќе го модерира преведувачката и истражувачка Андријана Папиќ Манчева, а низ него ќе допрат до клучните теми кои ја сочинуваат богатата содржина на оваа збирка есеи.
Додека средбата на читачкиот кружок е закажана за 14 јуни, во 19:00 часот, во социјалниот центар „Дуња“. Низ отворен разговор со авторката, на средбата присутните ќе имаат можност подробно да поразговараат за есеите, да споделат импресии од прочитаното и заеднички да ги толкуваат во поширок контекст.




