МК Сцена
Турнеја од Скопје преку Њујорк до Осака: Концертна промоција на најновиот албум на Владимир Четкар
Концертната промоција на најновиот албум „Let Us Be“ на светски познатиот македонски гитарист и автор Владимир Четкар ќе се одржи на 8. мај (среда) со почеток во 21 часот, на поткровјето на мултимедијалниот простор Јавна Соба (Public Room) во Скопје.
Овој концерт воедно го означува и почетокот на големата меѓународна турнеја, која ќе продолжи во неколку американски метрополи – Бостон, Њујорк, Чикаго – а потоа и во Јапонија. Албумот „Let Us Be“ е четвртиот студиски проект на Четкар, снимен во Чикаго со учество на повеќе од 40 врвни студиски музичари и саунд инженери. Изданието, кое беше ексклузивно објавено во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records, веќе се наоѓа на полиците на јапонските музички продавници.





