Мобилни
Galaxy S25: креирај ја својата приказна со камери што освојуваат
Добредојдовте во светот на Galaxy S25 серијата – мобилните уреди што ги комбинираат врвните перформанси со бескрајна креативност и забава, совршено дизајнирани за Ген З.
Овие телефони не се само уреди за повици и апликации, туку се вашиот личен асистент, креативна платформа и извор на инспирација, овозможувајќи ви да ја уловите секоја важен миг на начин што ќе ве остави без здив.

Фотографии со детали што освојуваат
Моделите на новите уреди, Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra доаѓаат со најнапредниот систем AI ProVisual Engine кој автоматски го оптимизира секој кадар. Со ултра-широка камера и интелигентен Object-aware Engine, секоја фотографија добива динамична обработка која го прилагодува осветлувањето, контрастот и боите според условите на снимка. Функцијата Spatio Temporal Filter ги намалува несаканите шумови, додека 10-битното HDR снимање обезбедува четирипати побогата палета на бои, што ги прави вашите видеа појасни и живописни. И ако сакате да снимате видеа, Audio Eraser автоматски ги елиминира непотребните звуци, осигурувајќи професионално чист аудио запис.

Непречено перформанско искуство за безгранична забава
Моќта на Galaxy S25 серијата е поддржана од најновиот Snapdragon® 8 Elite за Galaxy – специјално изработен процесор кој го обезбедува брзото мултитаскинг искуство, оптимизирано AI обработување и значително подобрена енергетска ефикасност, што ви овозможува да уживате во долги сесии на забава, без компромиси со перформанските способности.

Интуитивен, природен и персонализиран AI асистент
Со One UI 7 и интегрираните AI функции како Now Brief и Now Bar вашата апликација е секогаш чекор пред вас. Гласовните команди и интуитивното пребарување преку функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) овозможуваат лесна интеракција, додека функциите Помош при пишување (Writing Assist) и Транскрипт на повик (Call Transcript) ја унапредуваат продуктивноста и организацијата на вашиот ден.

Со вашиот нов Galaxy S25, Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra секоја фотографија, секое видео и секоја интеракција стануваат дел од вашата уникатна приказна. Без разлика дали сте во потрага по инспирација за следниот Insta пост или сакате да се потопите во светот на мобилната забава, новите телефони од серијата Galaxy S25 се тука да ги предефинираат вашите мобилни искуства.
Уредите се веќе достапни во малопродажба кај нас, а можете и веднаш да ги нарачате онлајн: Galaxy S25 | Galaxy S25+ | Galaxy S25 Ultra.
Зачекорете во иднината на креативноста и забавата – Galaxy S25 серијата ве чека!
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.




