Наука
МОН ги објави распоредите за екстерното тестирање
Министерството за образование и наука денеска соопшти дека на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk се објавени распоредите за претстојното екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование.
Учениците може да ги погледнат датумот и часот кога ќе бидат тестирани, додека за наставните предмети ќе бидат информирани три дена пред датумот на полагањето.
Процесот на екстерната проверка ќе се реализира во периодот од втори до десетти јуни и ќе опфати вкупно 183.280 ученици и 17.803 наставници.




