Наука
Мрежата на Македонски Телеком е најбрза и најсигурна
Македонски Телеком ја измери досега најголемата брзина на пренос на податоци на мобилната мрежа во земјава и во регионот од над 500 Mbps за симнување (download).
Се планира во наредните години, со инвестиции од над 60 милиони евра овие брзини да бидат достапни за сите корисници.
Во јуни, годинава, со воведување на нова технологија, се постигна двојно поголема брзина во споредба со 4G. Овие брзини, како што беше најавено, веќе се достапни за корисниците во центарот на Скопје, а до крајот на годината ќе бидат достапни и во другите поголеми градови.




