Sci-fi
НАСА открива кои градови би можеле да бидат потопени
Научниците во „формулата“ го ставаат ефектот на гравитацијата на Земјата и нејзината ротација за да се предвиди како водата ќе се „редистрибуира“ во дел од светот.
НАСА направи нова алатка за предвидување кои градови ќе бидат потопени поради топење на мразот предизвикан од глобалното затоплување, објави Ивнинг Стандард.
Таа алатка откри дека Лондон е меѓу градовите кои ќе бидат зафатени поради топење на ледот на Гренланд. Од иста причина би можел да биде потопен и Дубровник, се вели во документите кои го следат истражувањето.




