Sci-fi
Научниците прв пат навлегле во црна дупка и го снимиле нејзиниот хоризонт
Првиот обид да се навлезе во црна дупка и да се направи фотографија од нејзиниот хоризонт на случување, точката без враќање, односно граница во просторот-времето изгледа успеа, имајќи предвид дека немало поголеми проблеми во текот на десетдневниот период на набљудување.
Сите собрани податоци се испраќаат во два суперкомпјутери во САД и Германија на натамошна обработка, а научниците очекуваат дека на почетокот на 2018 година точно ќе знаат дали ја имаат првата историска снимка од црната дупка.
Проектот „Евент Хоризон Телескоп“ поврзал бројни телескопи ширум светот, со цел да создаде телескоп со големина на Земјата, кој би можел да го опфати целиот нејзин дијаметар. Тој е во состојба да сними ситни детали од исклучително голема оддалеченост.




