Creative
НОВ КОНЦЕПТ: Зелен ѕид во новиот салон на Телеком во „Сити мол“ во Скопје (ФОТО)
Македонски Телеком стартува со нов концепт на продавници на Дојче Телеком за прв пат во Македонија со продавницата во City Mall во Скопје. Новиот концепт освен уреди и услуги нуди и социјализација, забава, мултимедијално искуство и персонален пристап кон секој корисник.
Се состои од три области: Изложбен простор со уреди и услуги, зона за гејминг и забава и кафе бар. Зоната за гејминг и забава е уредена како дневна соба во која корисниците ќе можат да уживаат во користење на напредни услуги и решенија и да се забавуваат. Кај уредите и услугите, новина е што ќе има и катче за лични консултации.
Во продавницата има и зелен еко ѕид, за прв пат во продавниците на Дојче Телеком. Ѕидот, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот.



