Наука
Новата академска година на ФЕИТ започна со доделување на 14 стипендии
Благодарение на иницијативата на Факултетот за електротехника и информациски технологии и взаемната соработка и залагање на компаниите ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО, денеска, официјално беа врачени стипендии на 14 нови студенти.
“Овој проект е повеќе од успешен за сите нас од повеќе аспекти: ние добиваме поголем број квалитетни студенти, го зајакнуваме нивото и квалитетот на студирање во полето на енергетските насоки, а воедно компаниите ги добиваат најдобрите студенти – идни првенци на генерација и високо-квалификуван инженерски кадар, профилиран според потребите на самите компании”, рече деканот на ФЕИТ, професор д-р Миле Станковски.
Според него, од година в година, прогресивно се зголемува бројот на новозапишани студенти на ФЕИТ, со тоа расте и конкуренцијата во поглед на бројот на пријавени студенти апликанти за стипендии.




