Образование
Објавени добитниците на стипендијата „Борис Трајковски“ за школување во средното училиште „Нова“
Меѓународното училиште НОВА Скопје ги објави добитниците на стипендијата „Борис Трајковски – НОВА“ за четиригодишно школување во оваа реномирана образовна институција.
Теа Ангелова од основното училиште „Гоце Делчев“ од Струмица, Катерина Георгиевска од „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје и Максим Ѓоргев од „Димо Хаџи Димов“ од Скопје, се добитници на целосна стипендија додека Изабела Пренковска од „Војдан Чернодрински“ од Скопје и Андреј Гацоски од основното училиште „Вера Циривири Трена“ од Скопје, се добитници на делумна стипендија.
По внимателно разгледување на повеќе од 100 апликации, комисијата составена од професори и администратори при меѓународното училиште НОВА, одлучи оваа образовна можност, каде што се вреднуваат не само академското знаење туку и вештините за тимска работа, критичко и креативно размислување, да ја искористат гореспоменатите деветтоодделенци.





