Мобилни
Новиот смартфон VIVAX Fly V1 е едноставно „Предобар“!
Хрватскиот бренд VIVAX отвора нови поглавја на пазарот. Денес во Македонија за прв пат може да се најде најновиот VIVAX Fly V1. Како компанија која полека и сигурно напредува со своите производи смартфонот на VIVAX го претставува новиот чекор кој се презема.
Дали е можно да се биде Предобар кога се зборува за мобилни телефони. Како може еден смартфон да е Предобар?
Одговорот на ова прашање го дава Петра Ковач, менаџерката за производство која е задолжена за развој на VIVAX мобилните, „Да, овој наш нов смартфон VIVAX Fly V1 е развиен со идејата „Предобар“. Со години во развојот на нови мобилни се водиме од идејата дека на нашите корисници треба да им дадеме смартфон кој ќе обедини што поголем број на напредни функции во комбинација со убав дизајн и цена прифатлива за што поголем број на корисници. Одличните резултати од минатогодишното лансирање на VIVAX Fly 4 ја потврди успешноста на овој концепт и затоа продолжуваме со развојот на нови уреди.“





