Наука
Утре започнува NASA Space Apps Challenge 2015: 48 часа македонските студенти ќе работат за НАСА
Од 9 до 11 април во просториите на Telekom Innovation Center ќе се одржи глобалниот хакатон NASA SPACE APPS CHALLENGE 2015, каде учесниците ќе ја имаат можноста во период 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.
Настанот ќе се реализира од 9ти до 11ти април 2015 година на 135 локации во светот, а поради одличниот успех од мината година Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Интернационалниот настан “NASA Space Apps Challenge” е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.
Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.




