Наука
Освојте 1000 долари за 48 часа: Пријавете се на првиот хакатон за климатски промени во Македонија
Како да се освојат 1000 долари за само 48 часа? Сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават и да ја освојат наградата на многу едноставен начин.
Станува збор за првиот хакатон за климатските промени во Македонија на кој ќе можат да се предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата ‘Патувај Зелено’ – www.skopjegreenroute.mk
Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.





