Наука
Заврши натпреварот за роботика RoboMac 2015
Викендов се одржа финалето на шестото издание на семинарот и натпреварот за роботика RoboMac 2015. Покрај компетитивниот, настанот има и едукативен карактер.
Неколкудневните предавања ги одржаа професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, студенти од Факултетот за електротехника и информациски технологии, компании и за прв пат годинава, на големо задоволство на организаторите, беше присутен и гостин од Хрватска, доц. д-р Андреа Китанов.
Интеракцијата меѓу предавачите и учесниците од разните факултети е една од особините со кои се карактеризира RoboMac.




