Мобилни
Само за вистинските обожаватели: Нова Нокиа 3310 по цена од шест евра
Легендарната Нокиа 3310 се враќа. Страницата „Али Експрес“ најави дека во следните неколку дена во својата понуда ќе има целосно нови Нокиа 3310 по цена од шест евра.
Популарниот телефон што своевремено предизвика револуција на пазарот, може да се нарача со посредство на компанија во Сингапур.
На испорака се чека три до четири недели, а купувачот е ослободен од поштарина.




