Sci-fi
Нова фотографија на црната дупка во галаксијата М87 (ФОТО)
Научниците ја претставија новата подобрена фотографија од црна дупка, објавена за прв пат во 2019 година. Со помош на алгоритам за реконструкција на слики, тие ги пополнија пространствата на оригиналната фотографија. Светлосниот прстен, кој се гледа на фотографијата, е двојно помал од тој на претходната, што е значително подобрување во квалитетот.
Црната дупка, која се гледа на фотографијата, се наоѓа во галаксијата М87, на далечина од 54 милиони светлосни години од Земјата. Оваа галаксија е многу поголема и посјајна од нашиот Млечен пат и има маса 6,5 милијарди поголема од нашето Сонце.
First image of a black hole gets a makeover with AI https://t.co/WoJ9ziX60X via @cgtnofficial
— WORLD LEADER 1 ARTHUR GEORGE CARTER (@ARTHURGCARTER1) April 14, 2023




