Убавина и здравје
Шокантно откритие: Човечкиот мозок содржи микропластика колку една лажица – можни последици врз здравјето
Научниците регистрираа загрижувачки докази дека микропластиката и нанопластиката не само што навлегуваат во човечкиот мозок, туку можат да бидат поврзани со развој на деменција и други невролошки болести.
Според истражувањето на Универзитетот во Отава, анализата на мозочно ткиво покажала присуство на околу една лажица микропластика и нанопластика кај просечен човек, додека кај лица со дијагностицирана деменција овие концентрации биле 3 до 5 пати повисоки. Наодите се објавени во реномираното списание Brain Medicine.
Ова предупредување доаѓа по слични истражувања на Универзитетот во Ново Мексико, каде научниците откриле дека микропластиката се таложи во мозокот во многу поголеми количини отколку во други органи како црниот дроб или бубрезите.



