Sci-fi
Прв пат забележан светлосен прстен околу галаксија – научниците воодушевени!
Во рамки на својата мисија за истражување на темната енергија и темната материја, телескопот „Euklid“ направи фасцинантно откритие – совршено обликуван Ајнштајнов прстен.
Овој редок феномен е резултат на гравитациска леќа, каде што светлината од далечна галаксија се искривува под влијание на гравитацијата на поблиска галаксија. Научникот Бруно Алтиери прв го забележал феноменот додека ги анализирал тест-снимките од телескопот.
Прстенот е формиран од светлината на галаксија оддалечена 4,42 милијарди светлосни години, чија светлина е искривена од галаксијата NGC 6505, која е поблиску до Земјата. Ова откритие е доказ за моќта на гравитацијата, а благодарение на напредната опрема на „Euklid“, астрономите добија нови можности за проучување на универзумот.



