Sci-fi
Солено езеро пронајдено под површината на Марс
Езеро со солена вода наводно е откриено под површината на Марс, што пак ја зголемува можноста за пронаоѓање на живот на оваа планета.
Во студијата, што ја објави списанието „Сајанс“, а ја изработи тим на Италијанскиот национален институт за астрофизика под раководство на професорот Роберо Оросеи, не се прецизира дали станува збор за подземен базен, резервоар или талог од кал.
– Доколку се потврди дека студијата е точна, ова ќе биде прв доказ за големото водено тело на Марс, изјави Кејси Стурман, геофизичарка од Универзитетот во Тексас.




