Технологија
31% од младите велат: Разговорот со ChatGPT е како со вистински пријател!
Вештачката интелигенција (ВИ) станува новиот „најдобар пријател“ на тинејџерите. Сè повеќе млади одлучуваат да се обратат на платформи како ChatGPT, Replika и Character.AI за совети, поддршка и дури – виртуелно другарство. Новите истражувања покажуваат дека над 70% од тинејџерите во САД користат ВИ алатки, а половина од нив тоа го прават редовно, секојдневно.
Она што особено ги загрижува експертите е фактот што младите најчесто разговараат со вештачка интелигенција за емотивни проблеми, љубовни дилеми, анксиозност и осаменост – наместо да се обратат на блиски пријатели, родители или психолози. Според истражувањето на организацијата „Common Sense Media“, дури 33% од тинејџерите споделиле сериозни лични проблеми со ВИ, а 31% сметаат дека разговорите со ChatGPT или Replika им даваат исто задоволство како оние со вистински пријатели.
🤖 Четботовите како „нови другари“ – реалност или аларм?



